Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Нашите стратешки позиции се членството во НАТО, стратешкото партнерството со САД и политичката цел – полноправна членка на ЕУ

1 24.jpg

Во интервју за веб-порталот МКД.МК, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говори за членството во Европската Унија, односите со Бугарија, актуелните геополитички случувања, придонесот во НАТО Алијансата и партнерството со Соединетите Американски Држави. Фокусот на разговорот се реформските процеси, измените на Законот за надворешни работи и професионализацијата на дипломатската служба.

Говорејќи за интеграцијата на државата во Европската Унија, Муцунски го истакнува предизвикот што произлегува од нарушените позиции прифатени од претходната влада. „Доколку имало посериозен и искрен ангажман за заштита на македонските национални интереси од претходната влада, денес немаше да бидеме во оваа позиција. Сепак, ние постапуваме принципиелно и сето што сме го ветиле во нашата програма, го реализираме. Не велиме дека ќе биде лесно, но веруваме дека може да се најде рационално решение кое ќе биде прифатливо за нас,” вели тој.


На темата околу билатерализација на процесот на проширување, министерот нагласува дека сѐ поотворено се зборува во ЕУ за негативните последици од оваа практика и додава дека сигурноста на процесот на проширување е клучна. Во однос на предизвиците со Бугарија, Муцунски посочува дека дијалогот ќе продолжи со добра волја за изнаоѓање на компромисно решение кое ќе обезбеди предвидливост во нашиот пат кон ЕУ.

Муцунски истакнува и дека претходната влада добила јасна „рецензија” од граѓаните на изборите, додека пак актуелната влада е фокусирана на поставување здрави темели за функционирање на институциите. „По 15 години подготвивме предлог-измени на Законот за надворешни работи, презедовме конкретни чекори за професионализација на нашата дипломатска служба. Се решаваат многу тековни проблеми што постоеле во институцијата, кои претходните министри не се нафаќале да ги решаваат затоа што немаат толкава ПР-вредност за нив и бараат одредени компромиси со политиката. ” истакнува тој.

На крајот од интервјуто, Муцунски се осврнува на стратешките приоритети на државата, нагласувајќи ја важноста на координирана политичка и економска соработка со стратешките партнери како САД и ЕУ.

Можете да прочитате

„Дигитални деменции“ – И возрасните луѓе ќе ги намалуваат способностите поради премногу гледање во телефонските екрани

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

ВМРО-ДПМНЕ: На 1 јули не беше ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, СДС со години тапкаа во место