Утрински Весник
Македонија

11 возачи уапсени за едно денонoќие, меѓу нив и малолетник

Liseni od sloboda dve lica vo skopje vo vozilo pronajdeni okolu 90 pratki stoka bez soodvetna dokumentacija vozacot upravuval bez vozacka dozvola image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник.

 Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Одговорноста како изгубена вредност – 24info.mk

61-годишен маж секојдневно полово вознемирувал жена на работното место

ССМ одбележа 80 години од формирањето