Утрински Весник
Македонија

Муцунски на работен појадок организиран од унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто

Mucunski 7112024 1.jpeg

Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствуваше на работен појадок, каде заедно со своите колеги министри за надворешни работи разменија мислења за актуелните глобални и европски политички прашања.

Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евро-атлантските интегративни процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите. Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда.

Попладнево, како дел од делегацијата предводена од претседателот на владата, Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, каде фокусот ќе биде ставен на теми како што се енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување.

Можете да прочитате

Обвинителство оформи предмет за Груби и судијата Беџети

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад