Утрински Весник
Македонија

Формиран иницијатовен одбор кој бара смена на раководството на ЛДП

Ldp 960x505 1.jpg

Во ЛДП се формира иницијативен одбор за промени на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата, стои во кусото соопштение испратено од меил Одлучно за промени во ЛДП.

Оттаму додаваат дека набрзо и јавно ќе излезат и ќе ги претстават своите позиции и ставови.

Инаку, локалниот битолски портал Апла пишува дека пред два дена на состанокот на ОО на ЛДП во Битола, претседателот Димитар Кузмановски пред триесеттина членови го отворил прашањето дали ЛДП треба да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на што наишол на бурни реакции на поголем дел од присутните членови, иако имало и неколкумина поддржувачи на идејата да се влезе во коалиција со владејачката партија, повикувајќи се на извори од партијата.

Владе Атанасовски, поранешен секретар на ОО на ЛДП Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП за „АПЛА“ вели дека претседателот на општинската организација, Кузмановски образложил пред присутните  дека во комуникација со претседателката Моника Зајкова имале преговори со владејачката ВМРО- ДПМНЕ за коалиција и дека во тек е прецизирање на постапката. Но, како што вели Атанасовски грото од членовите остро се спротивставиле на помислата, а не пак на можната коалиција. Според него општинските организации не се надлежни да дискутираат за тоа прашање, туку тоа е одлука на Конгресот.  И ветераните на ЛДП реагирале на ваквата промена на политиките на партијата, со напомена дека личните интереси не смеат да бидат над идеолошките.

„Партијата ни се распаѓа, ако некој и мисли арно на партијата, претседателката Моника Зајкова и раководството под итно треба да си дадат оставка. Претседателката нема мандат да преговара и коалицира со ВМРО-ДПМНЕ,  таа настапи со програма на која гласаа сите делегати на Конгресот, а таму немаше коалиција со партијата на власт. Затоа сега нека свика Конгрес,  нека настапи со програма дека ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ,  па делегатите нека се изјаснат“, реагира Атанасовски, и додава „целата работа е со цел да се ‘заштитат’ и ‘згрижат’ 4-5 луѓе околу Зајкова. Само се прашувам како Моника ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ кога уште не ги тргнала билбордите низ Скопје сликана со Димитар Ковачевски -Таче? Нека дојде во Битола и сама нека го соопшти предлогот“, повикува Атанасовски, поранешен директор на ЈП „Пазари“ Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП.  

Можете да прочитате

Ковачевски не е меѓу уапсените: Бившиот директор на ЕСМ во моментов е надвор од Македонија и недостапен е за правдата

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА СО ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: Променливо и магливо по котлините, и со пониски температури

Мицкоски: Ковачевски е надвор од државата, обезбедени 22 лица осомничени за криминал