Утрински Весник
Свет

Му должеле 7000 евра, поради нив го бркале извршители: објавена фотографија од човекот кој активираше експлозив во Смедерево

Му должеле 7000 евра, поради нив го бркале извршители: објавена фотографија од човекот кој активираше експлозив во Смедерево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соседите на Ѓорѓе А., кој синоќа со бомба се разнесе на третиот кат од зграда во центарот на Смедерево и повреди двајца, објаснуваат дека подолго време имал проблеми со станарите.

dobivaj vesti na viber

„Не можеше да ги избрка од станот, му должеа повеќе од 7.000 евра, ја сменија бравата, го малтретираа. И тој се реши на таков драстичен чин. Немам подобар збор за него. Тој
немал браќа и сестри, има сестри од чичковци и тетки, едната беше синоќа. Никој не знае од каде го набавил експлозивот, тоа не изненади сите. Тој беше најмирниот од сите нас овде. Се видовме пред некој ден, изгледаше добро. Кај него овде доаѓаа извршители бидејќи не беа плаќани сметките“, изјави сосед.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда на улица „Слобода“ во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, која е уништена како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.

Звукот на детонацијата се слушал и во далечните делови на градот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека експлозијата наводно се слушнала „неколку километри подалеку“.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа