Утрински Весник
Свет

Му ја отсекол главата на татко му, па објавил на социјалните мрежи: злосторство во Пенсилванија

1706687153 unnamed file.jpg
Dik 300x250 mk

Полицијата во Пенсилванија уапси млад човек кој е осомничен дека му ја отсекол главата на својот татко (68) и сето тоа го покажал во видеото кое го објавил на Јутјуб, повикувајќи на оставка на американскиот претседател Џозеф Бајден.

По бруталното убиство на неговиот татко, Џастин Мун (32) мавтал со крвавата глава во видео на YouTube, напаѓајќи ја администрацијата на претседателот Бајден.

Во видеото, Мун ја обвини федералната влада, каде што работел неговиот татко, дека ја „буди толпата“ и мигрантите за кои тврди дека ги уништуваат САД.

Мун во видеото рече дека нуди награда од 1 милион долари на секој што би можел да убие високи функционери, вклучително и директорот на ФБИ Кристофер Вреј, јавниот обвинител Мерик Гарланд и поранешниот јавен обвинител Бил Бар.

Полицијата околу 19 часот упаднала во куќата на семејството Мон и во бањата го пронашла обезглавеното тело на таткото. Осомничениот бил уапсен два часа подоцна на оддалечена локација.

Наводно, Мон живеел во куќата со татко му, мајката Денис (63), братот Захари (35) и сестрата Стефани (38).

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан