Утрински Весник
Македонија

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита,  исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување

Mspdm.webp.webp

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа.

Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена.

Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања. Надлежните служби работат интензивно на надминување на состојбата и на целосно ставање во функција на новиот систем.

Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение во овој преоден период, имајќи предвид дека станува збор за процес кој долгорочно ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за сите корисници.

Министерството останува посветено на модернизацијата на системот на социјална и детска заштита и навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности.

Можете да прочитате

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?

Лекарската комора одбележува 34 години од основањето, и отворено историското катче на медицината