Утрински Весник
Свет

Мртви се четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија, кажа Руте

Mark Rute.jpg

Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија загинаа, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој додаде дека се уште не знае детали за тоа што се случило со војниците.

Генералниот секретар, кој е во посета на Полска, рече дека неговите мисли во овој момент се со семејствата на четворицата војници и со САД.


„Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците“, рече Руте.

Четворицата војници исчезнаа за време на воена вежба, а литванската војска и полиција, заедно со американски воен персонал, започнаа потрага по нив.

Амбасадата на САД во Литванија на мрежата Икс објави дека војниците исчезнале во тренинг област кај градот Пабраде во источна Литванија, во близина на границата со Белорусија.

Можете да прочитате

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Северна Кореја распореди мистериозни објекти околу потопениот воен брод

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени