
Македонската православна црква – Охридска Арихиепископија до јавноста го испрати Илинденското послание на поглаварот господин господин Стефан.
Тоа е традиционално послание кое се испраќа до верниците во очи на големиот празник Свети Илија, во народот познат и како Илинден.
Но освен верска, за Македонците Илинден има и државотворна димензија имајќи предвид дека борбата за независна дрѓава често пати била поврзана со овој празник.
На првиот Илинден, е кренато Илинденското востание во Крушево во 1903 кое резултирало со создавање на Крушевската република, првата република на Балканот.
Вториот Илинден е 2 август 1944 година и заседанието на АСНОМ каде биле удрени темелите на модерната македонска држава која стапила во тогашна Федеративна народна република Југославија.
И токму тука е направена крупна грешка во Илинденското послание на дедо Стефан, каде наместо 1944, е пишана 1941 година.
„И не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода. Првиот Илинден, од 1903-тата, бил само зачеток, бил семе за вториот Илинден, од 1941-та година, по кој, на дел од Македонија, ние Македонците се здобивме со своја држава“ пишува во посланието.
Тоа значи дека МПЦ и поглаварот Стефан покажуваат незнаење за важни државни настани, па заседанието на АСНОМ наместо во 1944 го префрлаат во 1941, година кога на 11 октомври започнал организираниот отпор против фашистичките окупатори.
Иако 11 откомври е важен датум во македонската историја, тоа секако не е Вториот Илинден.