Утрински Весник
Свет

Можно е Германија да го врати задолжителниот воен рок

Vojnici.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус изјави дека е можно повторно да се воведе регрутација доколку се пријават премалку луѓе да служат војска.

Тој најави дека годинава ќе почне нова програма за доброволна регрутација со цел да се обнови германската армија, која се соочува со недостиг на трупи. Бундесверот има околу 181.500 активни војници, што е значително под целта од 203.000 до 2031 година.


Регрутацијата годинава е зголемена за 20 проценти, но според Писториус тоа е премалку.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вети дека ќе изгради „најсилна армија во Европа“.

Во Германија од 2011 година укинат е задолжителниот воен рок.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД