Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Москва забрани влез за неколку црногорски функционери

Москва забрани влез за неколку црногорски функционери
300x250 opst2

На министерот за надворешни работи на Црна Гора Ранко Кривокапиќ, на министерот за одбрана Рашко Коњевиќ и на поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Саво Кентера им е забранет влез во Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Оваа мерка е одговор на одлуката на Црна Гора од септември годинава да ги прогласи дипломатите на руската амбасада во Подгорица за персона нон грата, објавено е на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Министерството за надворешни работи на Руската Федерација на 14 октомври испрати нота до Амбасадата на Црна Гора во Руската Федерација за забраната за влез во Руската Федерација на министерот за надворешни работи на Црна Гора Ранко Кривокапиќ, министерот за Одбраната Рашко Коњевиќ и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Сава Кентера“, се наведува во соопштението.

На 29 септември, Министерството за надворешни работи на Црна Гора прогласи за персона нон грата шест руски дипломати акредитирани во Црна Гора. Како што беше соопштено тогаш, одлуката е донесена поради активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на заемно почитување и почитување меѓу двете држави.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот