Утрински Весник
Свет

Морнариците на Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа противподморнички вежби

Морнариците на Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа противподморнички вежби

Морнариците на Јужна Кореја, САД и Јапонија спроведоа трилатерални противподморнички вежби за првпат по пет години, во услови на тензии поради серијата севернокорејски ракетни тестови.

dobivaj vesti na viber

Вежбите се одржаа во меѓународни води во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, само еден ден откако Северна Кореја истрела две балистички ракети во морето близу нејзиниот источен брег, а американскиот потпретседател Камала Харис го посети Сеул и силно утврдената граница меѓу двете Кореи.

Вчерашното тестирање беше трето вакво лансирање на Северна Кореја во последните пет дена. Северна Кореја истрела невиден број проектили оваа година.

„ Вежбите се дизајнирани да ја подобрат способноста да се одговори на зголемените подморнички закани на Северна Кореја, вклучително и нејзините балистички ракети лансирани од подморница (SLBMs) ​​во време кога таа претставува нуклеарна и ракетна закана поради серија тестови на балистички ракети“, се вели во соопштението на јужнокорејската морнарица.

Американската морнарица соопшти дека вежбите ќе ја подобрат интероперабилноста и тактичката и техничката координација на трите земји.

Американската и јапонската морнарица, исто така, рекоа дека вежбите се очекува да промовираат „слободен и отворен Индопацифик“, во услови на тензии околу активностите на Кина во тајванската теснина.

Вежби против подморници не се спроведуваат од 2017 година, бидејќи поранешната прогресивна влада на Јужна Кореја се обиде да ги подобри меѓукорејските односи и да ги олесни разговорите за денуклеаризација меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, кои се во застој од 2019 година.

Новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ја зајакне трилатералната безбедносна соработка со САД и Јапонија за да се спротивстави на растечките закани од Северна Кореја.

Можете да прочитате

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган