Утрински Весник
Спорт

ПСЖ подготвиле нов договор за Меси

ПСЖ подготвиле нов договор за Меси

Челниците на ПСЖ прават се за да го задржат Лионел Меси во Париз и следната сезона. Според „Ел Ларгуеро“, на Меси му е понуден нов едногодишен договор, со можност да биде продолжен на уште една година и плата од 30.000.000 евра по сезона.

dobivaj vesti na viber

Поголема плата не само во ПСЖ, туку и воопшто во светот на фудбалот, од него би имал само Килијан Мбапе.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи веќе го информирал Меси за понудата и е убеден дека Аргентинецот ќе ја прифати.

Меси, пак, не сака да брза со одлуката, туку го чека СП во Катар, иако и самиот минатата недела призна дека „максимално ужива да игра за ПСЖ“.

Често се споменува враќањето на Меси во Барселона, но освен што неговиот долгогодишен клуб нема 30 милиони евра за годишна плата, факт е дека тренерот Чави се уште не кажал ниту збор за Меси.

Затоа, останувањето на Меси во Париз е најреалната опција во моментов. Тимот игра одлично, тој повторно ужива, и игра одличен фудбал. Во ПСЖ практично ја „обезбеди“ титулата шампион на Франција, а има и реални шанси да стигне до својата петта ЛШ…

Можете да прочитате

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата