Утрински Весник
Македонија

МОН ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година

Skolo 4 780x470 1.png

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење.

Информираме дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

Можете да прочитате

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег