Утрински Весник
Свет

Момче во Америка пукаше пред училиште, уби еден ученик

Момче во Америка пукаше пред училиште, уби еден ученик

Американските власти соопштија дека ученик застрелал друг  ученик рано утринава пред училиште во Питсбург.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот бил фатен набргу откако се обидел да побегне.

Возраста на ученикот не е соопштена, а не се знае ни што му претходело на пукањето.

Локалните власти соопштиле дека двајцата оделе во исто училиште, а сè уште не е јасно колку ученици и вработени присуствувале на инцидентот.

Се додава дека повеќето од учениците се уште биле на пат кон училиште кога се случило пукањето, а училишните автобуси биле пренасочени во друга училишна зграда.

Поради пукањето утре во тоа училиште нема да се одржува настава.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот