Утрински Весник
Македонија

Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!

Meteoalarm.mk 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од европа, цел регион, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе  и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност на Ув индексот 9.


Сепак, во недела во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. И во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.

Апелирам, поради многу топлото време, но и поради високата вредност на Ув индексот, граѓаните, особено оние повозрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија