Утрински Весник
Балкан

Мохамед Алаббар дел од престижниот самит во Порто Монтенегро

Alabar02a.jpg

Светски познатиот инвеститор и технолошки визионер Мохамед Алаббар ќе учествува на „Адрија Фјучр Самит“, кој ќе се одржи од 22 до 24 април во Порто Монтенегро, во Тиват. Неговото присуство се смета за потврда на сè поголемото значење на регионот како атрактивна дестинација за стратешки инвестиции, иновации и крупни развојни проекти.

Алаббар, основач и претседател на компанијата „Игл Хилс“, важи за еден од највлијателните луѓе во областа на недвижностите, технологијата и економската трансформација. Тој посочува дека регионот на Адрија се наоѓа во клучен момент на развој.


„Ова е регион со огромна енергија, амбиција и неискористен потенцијал. Самитот претставува можност за создавање партнерства и нови идеи кои можат да ја обликуваат иднината на градовите и економиите“, изјави Алаббар.

Основачката на самитот и извршен директор на „Сустинери Партнерс“, Биљана Брајтвајт, нагласи дека платформата прераснала од иницијатива за одговорно инвестирање во силен регионален центар што ги поврзува одржливоста, иновациите и капиталот.

Алаббар е најпознат како основач на „Емар пропертис“, компанијата која стои зад некои од најпознатите проекти во светот, меѓу кои и Бурџ Калифа – највисоката зграда на планетата, како и „Дубаи Мол“. Овие проекти го позиционираа Дубаи како глобален центар за туризам, инвестиции и технолошки развој.

Покрај недвижностите, тој е активен и во технолошкиот сектор, како основач на е-трговската платформа „нун“ и дигиталната банка „Занд“.

Преку „Игл Хилс“, Алаббар реализираше големи урбанистички и инфраструктурни проекти на три континенти, вклучувајќи модерни градски комплекси, марини и крајбрежни зони со цел поттикнување долгорочен економски раст.

Јадранскиот регион станува сè поважен дел од неговата визија, а особено Црна Гора, каде што гледа потенцијал за развој на нови урбани концепти базирани на вештачка интелигенција и одржливост.

„Адрија Фјучр Самит“, кој годинава се одржува по четврти пат, претставува платформа што ги поврзува глобалните инвеститори, технолошките лидери и носителите на одлуки со економиите во подем во Југоисточна Европа. Настанот е организиран од „Сустинери Партнерс“ со поддршка на Владата на Црна Гора и има за цел да поттикне нови инвестиции и партнерства во областите на енергијата, дигиталната инфраструктура и иновациите.

Можете да прочитате

Во февруари следната година ќе започнат дупчења за природен гас во Јонското море

За 30 отсто намален бројот на туристи на Кипар во март поради ситуацијата на Блискиот Исток

Чифчи: Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во средното училиште во турската покраина Кахраманмарас