Утрински Весник
Македонија

МО за Ковачки: Кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал

МО за Ковачки: Кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал

Министерството за одбрана како и досега професионално и одговорно ги извршува своите задачи и транспарентно известува за сите случувања, посочуваат од ова министерство по напишаното од страна на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој информирше дека од Министерството за одбрана биле украдени документи со назнака „строго доверливо“, и побара одговорност од Славјанка Петровска.

dobivaj vesti na viber

„За случајот со кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантните надлежни организациони единици во Министерството за одбрана кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка. Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата“, велат од МО.

„Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: „Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз“

Четири пожари се уште се активни: Ветрот ги шири огновите, но 15 се целосно изгаснати

Кажала дека е бремена и следниот ден добила отказ, па завршила на психијатар: Жената во Македонија постојано дискриминирана