Утрински Весник
Македонија

Моќен Џеновски циклон овој викенд ни носи голема промена на времето – Силен јужен ветер (над 70 км/час), а од недела и обилни дождови!

084.zoomdconc 660x330 1.png

Моќен Џеновски циклон од овој викенд кај нас ќе ни донесе голема промена на времето, проследена со силен јужен ветер (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), а од недела и со врнежи од дожд кој локално ќе бидат и обилни.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на нестабилност, проследена со грмежи.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, овој викенд од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно.

Температурите на воздухот остануваат натпросечно високи, што значи дека топлото време продолжува.

Наскоро следува детална анализа на времето, и тоа поврзана околу овој моќен Џеновски циклон кој ќе ја зафати нашата држава.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш