Утрински Весник
Култура

МНТ со „Последната лента на Крап“ на 19. ИФАД „Стоби“

Вечерва, со почеток во 19 часот, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес, во оф-програмата на ИФАД „Стоби“, членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, ќе настапи со монодрамата „Последната лента на Крап“.

dobivaj vesti na viber

Оваа година 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна оф-програма.

Монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. дена на св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р. Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р. Хрватска.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“