Утрински Весник
Култура

Младински културни клубови во паркот „Шопен“ во Кисела Вода

Младински културни клубови во паркот „Шопен“ во Кисела Вода

Оваа сабота во паркот „Фредерих Шопен“ (до ООУ “Невена Георгиева-Дуња“) во општина Кисела Вода, со почеток од 18 часот, Граѓанското здружение за развој на младинските политики „Нови зраци“ – Скопје ќе реализира мултимедијален проект, кој ќе ги обедини љубителите на фотографијата, сликарството, литературата, сите оние што се заинтересирани за жонглирање или магионичарски трикови.

dobivaj vesti na viber

Присутните на настанот ќе имаат можност практично да се запознаат со техниките, методите и со потребните реквизити за овие дисциплини. Оние што ќе пројават желба да продолжат и понатаму да го продлабочат своето искуство во овие дисциплини имаат можност да се зачленат во новосоздадените виртуелни културни клубови што ќе бидат менторирани од нашите културни работници: за сликарство – Сара Цветановска, Тијана и Тамара Ванчевски, за фотографија – Зоран Шекеров, за поезија – проф. Благојка Филипчева и Анастасија Ѓорѓиевска, за уличен перформанс – Кристијан Ниновски-Бенито.

Целиот настан ќе изобилува со музика, забава и хумор и ќе биде одличен начин да се помине еден убав ден од викендот.

Општина Кисела Вода ги поканува сите млади лица да бидат дел од настанот, кој под покровителство на оваа локална самоуправа ќе се одвива оваа сабота, 30 септември 2023 година, во паркот „Фредерих Шопен“ ( до ООУ „Невена Георгиева-Дуња“). Со почеток од 18 часот Граѓанското здружение за развој на младинските политики „Нови зраци“ – Скопје, со поддршка од Општина Кисела Вода, ќе реализира мултимедијален проект, кој ќе ги обедини љубителите на фотографијата, сликарството, литературата, сите оние што се заинтересирани за жонглирање или магионичарски трикови. Присутните на настанот ќе имаат можност практично да се запознаат со техниките, методите и потребните реквизити за овие дисциплини. Оние што ќе пројават желба да продолжат и понатаму да го продлабочат своето искуство во овие дисциплини имаат можност да се зачленат во новосоздадените виртуелни културни клубови, кои ќе бидат менторирани од нашите културни работници: за сликарство – Сара Цветановска, Тијана и Тамара Ванчевски, за фотографија – Зоран Шекеров, за поезија – проф. Благојка Филипчева и Анастасија Ѓорѓиевска, за уличен перформанс – Кристијан Ниновски- Бенито.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“