Утрински Весник
Македонија

Младата пијанистка Јована Арсоска освои две награди на Меѓународен натпревар во Албанија

20250530074543 big 730x400 88.webp.webp

Пијанистката Јована Арсоска (20) освои две високи награди на Меѓународниот музички натпревар „Tempo“, што од 22 до 25 мај се одржа во Албанија, во рамки на културната манифестација „Gjiroclassica“.

Арсоска ја освои првата награда во својата категорија со максимални 100 поени од жирито, а беше добитник и на специјална награда за најдобар пијанист „Margarita Kristidhi”.


Натпреварот „Tempo“ секоја година собира млади музичари од цела Европа и пошироко, нудејќи можност за размена на музички култури, уметничко изразување и професионално вмрежување.

Арсоска е пијанистка од Битола, родена во 2004 година. Музичкото образование го започнува од најрана возраст во Државното музичко училиште во Битола, каде го оформува својот пијанистички талент под менторство на проф. д-р Јана Четелева Белевска и други врвни професори. Моментално е студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде студира пијано под менторство на вонр. проф. Дино Имери, еден од водечките македонски пијанисти и педагози.

Има учествувано на бројни меѓународни и интернационални натпревари, каде освојува високи награди и признанија, истакнувајќи се со својата виртуозност, музичка зрелост и техничка прецизност. Исто така, има посетувано мастер часови кај реномирани светски изведувачи и професори, постојано надградувајќи ги своите уметнички вештини.

Со секој свој настап, Арсоска достоинствено ја претставува земјава на светската музичка сцена и претставува симбол на иднината на македонската класична музика.

Можете да прочитате

ОЈО: Арсовска како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости

СДСМ: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина