Утрински Весник
Македонија

Митрески и координаторите ќе се договараат за седница за избор на член на ДИК

1707472126 Unnamed File.webp.webp

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска ќе одржи редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи на која се очекува да биде договорено кога ќе се одржи пленарната седница за  избор на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК).

 Абдуш Демири, кој е предлог на партиите од Европскиот блок за промени, е предлогот за член на ДИК. Демири минатата недела на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше поддржан за член на Комисијата со 10 гласа „за“, еден „воздржан“ и еден „против“.

Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили бидејќи Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

За изборот на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство. ДИК е без еден член повеќе месеци откако Кренар Лога стана министер за правда.

По распишувањето на претседателските и парламентарните избори на 14 февруари,  ДИК ги започна изборните дејствија со усвојување на роковниците.

Од 14 февруари започна да тече рокот за пријавување на нашите државјани за гласање преку апликацијата https://dijaspora. sec.mk/, како и во нашите Дипломатско-конзуларни претставништва и конзулати во странство. Пријавувањето се врши со пополнување на две барања и за претседателските и за парламентарните избори. За да се одржи гласање во дијаспората потребно е да се соберат вкупно 5. 300 барања.

На 23 февруари започнува и собирањето потписи за претседателски кандидати и за подносители на листи на изборите, а на 28 февруари увидот во Избирачкиот список.

Претседателските избори се закажани на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“