Утрински Весник
Балкан

Масовен напад во Софија: Еден загинат, две лица во животна опасност

Whatsapp image 2026 02 12 at 16.54.02.jpeg

Ужасен напад со нож ја потресе Бугарија рано утринава, откако вооружен маж нападнал повеќе лица во софиската општина Подујане. Во нападот животот го загубил 21-годишен маж, кој им подлегнал на повредите на местото на настанот, додека уште две лица се во критична состојба и се борат за живот во болниците во Софија.

Според првичните информации, напаѓачот со нож нападнал случајни минувачи, по што на местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош со три возила. Медицинските тимови затекнале тешка и вознемирувачка сцена, а повредените веднаш биле пренесени на лекување.

Меѓу повредените е и 15-годишно девојче со повеќекратни убодни рани, кое итно е хоспитализирано во болницата „Пирогов“. Тешко повредена е и 78-годишна жена, која со сериозни повреди во пределот на стомакот е примена во болницата „Царица Јоана“.

Надлежните институции спроведуваат истрага за мотивите и околностите на нападот, а јавноста во Бугарија е вознемирена од бруталноста на настанот.

Можете да прочитате

Вучиќ: Србија гради силна војска за никој да не помисли на напад

Пронајдени 52 килограми нелегален тутун во Загреб

Почина проф. д-р Илбер Ортајли, еден од најголемите современи турски историчари и интелектуалци