Утрински Весник
Македонија

Митева: Потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон

20240731114228 Big 730x400 69.webp.webp

Интегрален текст од прес конференција на Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ

Нов метод како СДС и ДУИ ја направија Македoнија ограбена држава – потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон

За жестоко и помпезно најавуваната инвестиција, за која де носеше и посебен закон за финансиска поддршка на македонското стопанство, СДС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари. Во законот кој сами го донеле навеле дека секој може и има право да конкурира, дури вели во законот и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон.

Не само што незаконски постапувале, дополнително е потврдено и дека немало никаков позначаен ефект од ваквите мерки. Имено, во извештајот на Finance Think – Институтот за економски истражувања, а се однесува на оценката на пазарот за економските мерки против КОВИД-19 се потврдува дека пазарот негативно го оцени првиот пакет мерки, Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакет мерки.

Воедно, согласно законот и правилникот стоело обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства, но сепак такво тело не постоело.

Почитувани, овие факти потврдуваат дека наместо за народот, за бизнисот и економијата во целина, парите завршуваа кај фирми блиски до власта. Од ден за ден нови економски негативи, ни од ден за ден имаше позитива на салдото на функционерите на СДС и ДУИ. За ова мора да има одговорност. 

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег