Утрински Весник
Спорт

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

20240731104200 Big 730x400 76.webp.webp

Французинката Касандра Богран претпладнево победи на натпреварот во триатлон на Олимпијадата 2024 година во Париз.

Олимпискиот триатлон се состои од три етапи: 1,5 км пливање, 40 км велосипед и 10 км трчање. Богран победи со време од 1 час 54 минути и 55 секунди.

Среброто го освои Џули Дерон (Швајцарија), а Бет Потер (Велика Британија) стигна до бронзата.

Триатлонот за мажи, кој е одложен од 30 јули, треба да започне во 10:45 часот. 

Да потсетиме, одржувањето на пливањето беше доведено во прашање поради лошиот квалитет на водата во Сена.

Можете да прочитате

Норис ќе стартува од пол-позицијата во Мадрид

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови

Во Велес денеска натпревари од државното првенство во кајак спуст