Утрински Весник
Свет
Img 7972

Мистериозна жена почесто видена во друштво на Ким Џонг Ун

Мистериозна жена почесто видена во друштво на Ким Џонг Ун
Dik 300x250 mk

Мистериозна жена се почесто може да се види во друштво на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Иако секогаш е во незабележителна облека, изгледа дека им паднала во очи на новинарите кои долго време се обидуваат да откријат која е таа.

dobivaj vesti na viber

Жената најчесто е фотографирана како шета зад севернокорејскиот лидер во јакна и панталони, со наочари, додека најчесто држи чанта во раката.

Таа беше со Ким и за време на големиот концерт минатата недела, а беше снимена како носи папка со хартии за време на неговиот говор пред парламентот, кога тој вети дека никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје.

Севернокорејските медиуми, кои се под строга контрола на лидерот, постојано објавуваат видео на кое се гледа споменатата жена, но нејзиниот идентитет никогаш не е откриен, пишува „Гардијан“.

Таа за првпат беше забележана од западните медиуми во февруари оваа година и оттогаш е покрај него.

„ Најмногу ја гледаме како носи торба, веројатно со работите на Ким кои мора да ги има при рака, како телефон, цигари и лекови“ – пишува „НК њуз“.

Се проценува дека е на возраст од 30 до 40 години, а многумина се сомневаат дека таа е негова братучетка. Ким наводно има најмалку две полусестри, Ким Сол Сонг и Ким Чун Сонг, и двете родени во 1970-тите.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот