Утрински Весник
Македонија

Мисовски и Мираковска од НСДП ќе делуваат опозициски во Собранието

Img 8679.jpeg

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10 седница која вчера се оддржа во хотел Хилтон во Скопје. Информираат дека извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен.

-По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав.

Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на следната седница во месец септември, стои во соопштението од партијата.

Претседателот на НСДП и пратеник, Горан Мисовски неодамна во изјава за медиумите информира дека ќе делуваат опозициски. Покрај него, и Соња Мираковска е избрана за пратеник во новиот состав на Собранието од редовите на НСДП. Ваквата реакција следуваше откако анонимни профили на социјалните мрежи и дел од медиумите објавија дека пратеници од партијата која беше дел од заедничката „Коалиција за европска иднина“, ќе се придружат на парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ кое веќе брои 58 пратеници.

Ваквите наводи ги демантираше и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание