Утрински Весник
Балкан

Мирен протест во Атина против уставните измени за државните службеници и приватните универзитети

20260714140152 big 730x400 85.webp.webp

Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина.

„Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а не со цена“, беа дел од слоганите на студентите, додека пак државните службеници побараа зголемувања на платите, посочија дека се борат за постојана и стабилна работа и порачаа дека се против укинување на вработувањата на неопределено време во државниот сектор.


Во знак на протест, од АДЕДИ денеска закажаа и неколку часовен прекин на работата, односно работното време за државните службеници заврши во 11 часот.

Демонстрантите маршираа низ улиците во центарот на Атина до плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, а протестот заврши мирно и без проблеми.

На почетокот на февруари годинава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави почеток на процедурите за промени на Уставот, а пред два месеци беа соопштени 30 члена за кои е планирана ревизија.

Меѓу нив е и воведување систем на оценување на државните службеници и промена на вработувањата на неопределено време во јавниот сектор, како и промена на членот 16 што се однесува на можноста за отворање приватни универзитети, нешто што веќе се спроведува во Грција со оглед на тоа што е изгласан соодветен закон. 

Можете да прочитате

Бугарија се повлече од коалицијата за помош на Украина

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година

Во Грција запленети над два тона небезбедни млечни производи од Бугарија – биле превезувани со камион без ладилник