Утрински Весник
Скопје

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Jsp Avtobusi Parkirani.jpg

Објавен е оглас за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници од страна на министерството за транспорт. 100 автобуси се наменети за град Скопје, а останатите 50 за општините.

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача  30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци. 


Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

Според Министерството за транспорт, набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини. Покрај еколошките придобивки, укажува дека набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.

– Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги, соопшти Министерството за транспорт. 

Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

Можете да прочитате

Титан Усје: Работиме целосно во согласност со сите важечки закони

Ѓорѓиевски оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на амбасадата на САД во Македонија

Герасимовски: Стихови и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата