Утрински Весник
Македонија

Министерството за правда бара од Комората на извршители да го испита случајот со новинар во кој е инволвиран извршител од Гостивар

Ministerstvoto za pravda.jpg

Министерството за правда побара од  Комората на извршители  да го испита случајот поврзан со новинар а во кој е  инволвиран извршител  од Гостивар и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство.

  Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка одзеде живот: Почина вработен во Регионалниот ЦУК во Битола

„Металковци патуваат“ премиерно на сцената на МОБ – нова интерактивна претстава за најмладите

Ужас во Кисела Вода: Со пиштол пукал кон сопругата, ги нападнал и трите ќерки