Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Поттикнувањето на родовата различност не е само морален императив туку е и паметна, економска одлука

22032024 Zvrsm Bitikji7.jpg
Ss2

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на конференцијата на Жени во органи на управување Јадран, „Успешни жени за успешен регион”.

Притоа тој рече дека жените на лидерски позиции се додадена вредност, истакнувајќи дека посебно во ковид периодот женското лидерство се покажа како соодветен одговор во времиња кои бараа отпорност, мудрост, прилагодливост, умешност.

Ss1

-Во нашиот подем кон економски напредок и социјална еднаквост, мораме да ги препознаеме непроценливите придонеси што жените ги носат и да преземаме намерни чекори за да обезбедиме нивно целосно учество во процесите на донесување одлуки, вклучително и на највисоките нивоа на корпоративно управување, рече Битиќи.

Тој посочи дека и покрај значителните чекори во последниве години, жените продолжуваат да се соочуваат со системски бариери кои го попречуваат нивниот напредок на работното место. Со исклучувањето на жените од корпоративните одбори, се креира средина каде талентот и потенцијалот на жените неправедно се занемаруваат, односно дискриминираат.

-Бројни студии ги покажуваат придобивките од родовата различност во корпоративното лидерство. Компаниите со инклузивни одбори постојано ги надминуваат своите хомогени колеги во клучните метрики како што се финансиските перформанси, иновациите и корпоративното управување. Вклучувањето на жените носи свежи перспективи, ги подобрува процесите на донесување одлуки, што на крајот доведува до супериорни резултати за компаниите. Прифаќањето на родовата различност не е само морален императив туку е и паметна, економска одлука, потенциаше тој.

Притоа истакна дека критичарите тврдат дека можеби родовата рамноправност треба да се остави на пазарот, а не на владина интервенција, но зарем е возможен прогрес без заедничко делување. Без насочени и намерни интервенции за решавање на вкоренетите предрасуди и структурни пречки, ризикуваме да го овековечиме статус квото и да го потрошиме неискористениот потенцијал на голем број талентирани жени.

-Токму тука, секоја Влада, има клучна улога во катализирањето на промените, без разлика дали преку родово сензитивни мерки и политики, стимулации или кампањи за јавно застапување. Оттука, според мене, родово сензитивната застапеност не е прашање на ексклузивност, туку на фокус, а во фокусот е неискористениот потенцијал на жените, кој на нам ни е потребен за посакуваниот развој.

Оваа Влада има веќе направено многу, но сѐ уште не доволно. И ние ќе продолжиме да работиме, заедно со вас. Законот за заштита од дискриминација, истанбулската конвенција, правичната застапеност, родово сензитивни политики и правото на еднакво вреднување на трудот се реализирани во нашата држава. Следно на што заедно ќе работиме е усвојување на директивата на Европската Унија за родово балансирани управувачки одбори, со која се предвидува 40 отсто од неизвршните директори, или 33 отсто од сите директори, ќе бидат членови на недоволно застапениот род до средината на 2026 година. Така што непоколебливо, денеска ви велам, да, поддршката и гласно говорност секогаш сте ја имале и ќе ја имате. На тоа, од мене, секогаш можете да сметате.

Сите ние, мораме да ги удвоиме нашите напори за да ги урнеме бариерите, да ги оспориме стереотипите и да создадеме пат за жените, отворен пат за да се искачите на лидерските позиции.  

А на тој пат, вам не ви треба охрабрување, вие веќе сте храбри, не ви треба заштита, вие не сте жртви, не треба да ви се даде шанса, вие сами ја земате, заклучи Битиќи.

Ss1

Можете да прочитате

До самиот крај на овој месец пролетни, до рано-летни температури и претежно стабилно и сончево време

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, евидентирани нови 27 случаи