Утрински Весник
Култура

Министерството за култура: Скандалозно е да се увиди како досегашната директорка ја водела Филхармонијата

Министерството за култура: Скандалозно е да се увиди како досегашната директорка ја водела Филхармонијата

Министерството за култура тврди дека директорката на Филхармонијата, Тина Иванова, е разрешена поради низа законски повреди и неусогласености во работењето, што било утврдено од страна на увидот на комисијата на Министерството.

dobivaj vesti na viber

„Од документацијата и направените записници се заклучува дека директорката Иванова постапувала несоодветно, несовесно, неекономично, неуредно, ненавремено и спротивно на склучените договори и правилници при издавање на просториите на Филхармонијата. Одговорното лице на установата склучувало договори, кои самото не ги почитувало, и прекршен е правилникот на установата, кој го донел Управниот одбор“, велат од Министерството за култура.

Се додава дека скандалозно и вџашувачки е да се увиди како досегашната директорка ја водела Филхармонијата бидејќи преку овие активности несовесно постапувале и не спречиле несовесно постапување и членовите на Управниот одбор, па разрешени се и тие.

За в.д. директор е назначен Даниел Лазаровски од редот на вработените во Филхармонијата.

Министерството за култура ги отфрла сите инсинуации на досегашната директорка на Филхармонијата, Тина Иванова, како целосно произволни, неточни и најблаго речено – невистинити.

Иванова претходно објави дека била разрешена оти застанала на страната на колективот за време на протестите поради удомувањето на џез-оркестарот во истата зграда.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“