Утрински Весник
Спорт

Далиќ: Нормално е да навивам за Србија против Нигерија. За кого да навивам?

Далиќ: Нормално е да навивам за Србија против Нигерија. За кого да навивам?

На Симпосар, спортски симпозиум во Сараево, Златко Далиќ зборуваше за феноменот на хрватската репрезентација и се осврна на репрезентациите од регионот.

dobivaj vesti na viber

„Србија има речиси ист тим како нас, но нешто и фали. Ние добро се организиравме на сите нивоа и тогаш почнаа да доаѓаат резултатите. Нормално е да навиваш за репрезентации од регионот, да навивам за Србија против Нигерија. Па за кого да навивам?

Далиќ сакаше да ја исправи погрешната интерпретација на она што еднаш го кажа за српската репрезентација.

„Никогаш не сум зборувал лошо за Србија. Еднаш кажав дека не ги сакам во групата. Па, нормално е дека ја сакам Шкотска, која ние ќе ја победиме, а не Србија, која е силна, во игра која носи енергија и се што оди со неа. Не ја потценив Србија. Имаат потенцијал, добри играчи, но им фали нешто друго“.

Селекторот на Хрватска изјави дека не ја сака Србија пред ждрепката на групите на Светското првенство во Катар.

Случајно се сретна со селекторот на Србија, а во сеќавање му остана многу срдечна средба и разговор со неговиот колега, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси. Далиќ за таа средба коментираше: „Пикси беше фудбалски бог, му се восхитував како играч. Кога се сретнавме во Катар, се гушкавме и разговаравме како да се знаеме 100 години“.

Можете да прочитате

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите 

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока

Ѓоковиќ не успеа да се пласира во втората недела од „Ролан Гарос“ за прв пат од 2009 година