Утрински Весник
Култура

Министерството за култура: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

Министерството за култура: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

Во интерес на транспарентно информирање Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека сите обврски што Агенцијата ги има преземено кон своите корисници ќе бидат навремено сервисирани во согласност со динамиката и месечните планови“, велат од Министерството за култура.

Ова следува откако седумдесет македонски филмски режисери и продуценти побараа средба со Министерството за култура и со Агенцијата за филм и повлекување на предлогот за кратење средствата за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“