Утрински Весник
Македонија

Министерство за правда: Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи

Dsc00860 8.jpg

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу политичките партии и останатите учесници во процесот.


Работната група заклучи дека наредната седница ќе продолжи со разгледување на останатите отворени прашања, како и со анализирање на доставените предлози од парламентарните политичките партии , независните пратеници, надлежните институции и граѓанскиот сектор.

Упатен е повик до сите учесници, да ги достават своите конкретни предлози и забелешки во утврдениот рок, со цел навремена подготовка на усогласен текст на измените на Изборниот законик.

Работната група продолжува со работа во насока на унапредување на изборната регулатива и зајакнување на демократските изборни стандарди и наскоро ќе има законско решение.

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница