Утрински Весник
Македонија

Министерот Зоран Љутков на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ во Истанбул

5.2.26.jpg

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Аккан Махмут, присуствуваа на свеченото отворање на 29-тото издание на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ, кој од 5 до 7 февруари се одржува во Истанбул, Република Турција.

Во рамките на саемот, денес министерот Љутков оствари средба со претседателот на Турската асоцијација на туристички агенции (ТУРСАБ), Фируз Багликаја, на која се разговараше за унапредување на туристичката соработка, развој на заеднички туристички производи и културни рути, како и промоција на културниот и креативниот туризам меѓу Македонија и Турција. Инаку, досегашната континуирана соработка со ТУРСАБ  е насочена кон промоција на нашата земја како туристичка дестинација и развој на туристички бизнис-релации.

Турција е еден од најзначајните туристички пазари за нашата земја, со над 500 илјади остварени ноќевања минатата година од туристичките посети. Македонската туристичка понуда веќе 15 години континуирано е претставена на Саемот за туризам во Истанбул, кој е една од највлијателните туристички изложби во регионот и пошироко. Секоја година обединува околу 30 000 туристички професионалци и љубители на патувањата, и е платформа за промоција на дестинации, туристички производи и нови можности за соработка.

Оваа година, Саемот се одржува во „Експо-центар Истанбул” (IFM), со учество на над 656 изложувачи од 109 земји и присуство на околу 660 туроператори, што дополнително го потврдува неговото значење како клучен меѓународен настан за развој на туристичката индустрија.

Можете да прочитате

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

„Безбеден град“ стартува во Охрид пред летото

По протестите на Ромите, Јаневска порача: Законските услови за возачка дозвола остануваат