Утрински Весник
Македонија

Министерот за правда Лога во Анкара беше пречекан од претседателот на Врховниот касационен суд на Турција Акарча и Врховниот јавен обвинител Шахин

13.jpg

Министерот за правда Кренар Лога кој ја предводи македонската делегација во Анкара беше пречекан од претседателот на Врховниот касационен суд на Турција, Мехмед Акарча и Врховниот јавен обвинител, Бекир Шахин. Дводневната работна посета на Република Турција, Лога ја започна со средба со Акарча и Шахан. Со министерот Лога, македонската делегација ја сочинуваат претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претседателот на ОЈОГОКК, Ислам Абази, поранешниот претседател на Уставен суд , Сали Мурати и претставници од Министерството за правда.
На средбата се разменија мислења, искуства и информации за подобро запознавање со судските системи, за положбата, функционирањето и улогата на судската власт, со посебен акцент на работата на врховните судови и јавните обвинителства.
Министерот Лога им се заблагодари на Акарча и Шахин за топлиот прием и гостопримство и посочи дека пријателските односи меѓу двете држави ќе продолжат да се интензивираат и во наредниот период.
Доследна и предвидлива судска практика е предуслов за владеење на правото и правната сигурност и особено важна за зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судскиот систем. Од тие причини, предвидено е зајакнување на соработката  која ќе се реализира преку одржување на редовни работни средби.
Министерот за правда Кренар Лога ,претседателот на  Врховниот касационен суд на Турција, Мехмед Акарча и Врховниот јавен обвинител, Бекир Шахин се договорија да има размена на посети меѓу институциите од двете држави  со цел да стекнат нови знаења и искуства.

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани