Утрински Весник
Магазин

Холанѓанец 40 години живее со пресадено срце, влезе во Гинисовата книга на рекорди

Operacija.jpg

Најдолгоживотниот пациент со трансплантација на срце, опериран во Англија во 1984 година, официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Берт Јансен (57) од Холандија живеел речиси 40 години со донорско срце кое му било пресадено во лондонската болница Харефилд.

Откако развил симптоми слични на грип на 17-годишна возраст, на Јансен му била дијагностицирана кардиомиопатија, задебелување на срцевиот мускул што го спречува да пумпа крв низ телото. Кардиологот на Јансен во Холандија бил поврзан со болницата Харефилд во Лондон и со професорот Магди Јакуб, кој ја извршил операцијата на 6 јуни 1984 година, кога пациентот наполнил 18 години.

Во тоа време во Холандија не се пресадувало срца.

„Сè помина многу брзо. Само една недела по пристигнувањето во Харфилд, две срца станаа достапни од голема сообраќајна несреќа во Лондон“, изјави Јансен.

„Едно срце се поклопи и беше пресадено. Како што ми кажаа лекарите 30 години подоцна, сигурно беше совршено спојување“, рече тој.

Јансен рече дека новото срце му овозможило брзо да се врати на „квалитетниот живот“. Играл тенис и одбојка и работел со полно работно време.

Во 1996 година се оженил со Петра, ги добил синовите Гвидо и Ива, а денес се занимава дури и со параглајдерство.

Неговата операција беше 107-ма од ваков вид во Харфилд. Првата беше изведена од Сер Магди Јакуб во 1980 година и оттогаш центарот пресади илјадници срца.

Д-р. Фернандо Риесго Гил, кардиолог и раководител на службата за трансплантација на срце во болницата Харфилд, рече: „Фантастична вест е што еден од нашите рани пациенти продолжува да живее исполнет и среќен живот толку долго по трансплантацијата“.

Според британската здравствена служба, минатата недела на активната листа на чекање за трансплантација во Обединетото Кралство имало 7.314 возрасни лица, од кои 248 биле пациенти помлади од 18 години.

„За жал, многу од тие луѓе ќе умрат на листата на чекање бидејќи имаме недостиг од донатори на органи во оваа земја“, предупреди др. Гил. „Се надевам дека приказната на Берт ќе послужи како поттик за луѓето да размислат да се регистрираат како донатори на органи“, рече докторот.

Можете да прочитате

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк