Утрински Весник
Балкан

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина побара во земјата да се создаде база на НАТО

20240525093100 Big 730x400 82.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За време на состанокот со претставниците на НАТО во Брисел, министерот за одбрана во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, повика на создавање база на НАТО во земјата, јавија сараевски медиуми. Според него, на Русија „не смее да и се дозволи да навлезе во срцето на Европа преку Западен Балкан“.

Хелез тврди дека создавањето на база на НАТО во Босна и Херцеговина „ќе го запре ширењето на деструктивни влијанија и ќе обезбеди дополнителни гаранции за стабилноста, безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“.
Тој го информирал врховниот командант на НАТО во Европа, генералот Кристофер Каволи, дека „политичката ситуација и безбедносната ситуација се влошени“ во Босна и Херцеговина, дека „овие околности и помагаат на Русија да го дестабилизира регионот“ и дека НАТО „ не треба да остане рамнодушен на таквите активности на Руската Федерација“.

Хелез предложи „подобрување на соработката меѓу Босна и Херцеговина и НАТО, што ќе доведе до зајакнување на одбранбениот систем на Босна и Херцеговина и опремување на вооружените сили со противтенковски и противвоздушни системи со краток и среден дострел“ со цел да се „спречи несаканото влијание на Русија и слични деструктивни сили во регионите на Западен Балкан“, соопшти Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра

Поплави во повеќе градови во Албанија, најкритично во Драч, Лежа и Кукс, има прекин во наставата и почната е евакуација

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград