Денеска се навршуваат 23 години од масакрот врз припадници на АРМ кај месноста Карпалак меѓу Скопје и Тетово.
На 8 август 2001 година конвој од бранителите беше нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубија 10 бранители, сите од Прилеп кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово.
На овој ден преку положување на свежо цвеќе почит оддаваат делегации од Владата, од бранителите, од АРМ и секако министерството за одбрана на чело со министерот.
Но, ако во последните години, на спомен плочата кај автопатот Скопје – Тетово или на спомен плочата во Прилеп, традиционално присуствуваше министерот за одбрна (во конкретниот случај претходните министерки Радмила Шекеринска и Славјанка Петровска) денеска тоа не беше случај.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски не ја предовдеше делегацијата кај Карпалак, а го немаше ниту во делегациите кои оддадоа почит на споменикот во градот херој Прилеп.
Единственото обележување на оваа трагична годишнина, Мисајловски го стори само преку штура објава на социјалните мрежи.
На 8-ми август 2001 година кај месноста Карпалак од заседа беа убиени бранителите: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.