Утрински Весник
Македонија

Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со ЕУ во областа на земјоделството

Slika 5.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија.

Соговорниците разговараа за процесот на усогласување со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната и фитосанитарната политика.

„Европската интеграција во земјоделството значи посилни институции, повисоки стандарди и поконкурентно домашно производство. Нашата цел е европската поддршка да ја претвориме во конкрерни и одржливи придобивки за земјоделците и за руралните средини”, истакна министерот Серафимовски.

На средбата беше потврдена заедничката определба за одговорно користење на расположливите европски фондови и за навремено исполнување на преземените обврски. Посебно внимание беше посветено на функционалноста на воспоставените системи и потребата реформите да дадат долгорочни позитивни резултати.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол