Утрински Весник
Македонија

Министерот Филков во посета на затвор Идризово

1.1 Scaled.jpg

Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници, информираат од Министерството

„Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација. По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери,   пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана е поголема материјална штета. Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите“ се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Македонски наркобос уапсен на аеродромот во Женева и екстрадиран во Австрија

Николовски во Аргумент плус: Запленетата дрога на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 7,7, илјади евра

Груевски за случајот Фросина: Само повеќе полиција на улиците