Утрински Весник
Македонија

Министерката Кочоска е против замрзнатите маржи, но го поддржува Законот за нефер трговски практики

17072024 Dimitrieska Kocoska Pres 2 Scaled.jpg

Министерката Кочоска смета дека ограничувањето на бруто профитната маржа не е добра мерка, затоа што државните институции немаат капацитет да прават проверки. Вели дека станува збор за обемна и комплесна методологија. Го подржува Законот за нефер трговски практики, кој го донесе претходната Влада, но против одлуката на нејзинсите колеги да ја ограничан бруто прифитната маржа на над 70 производи кои се дел од таканаречената есенска кошничка.

Иако, министерот за економија Дурмиши најави дека во следниот период ќе се носат и божична, рамазанска и велигденска кошничка, Кочоска семат дека во иднина треба да престанат ваквите мерки, а проблемите со цените да се решаваат со попусти. на тој начин очекува поголем ефект и намалување на притисокот од високите цени.

–Никогаш не можам да се согласам со таква мерка за замснуваше на цени, маржи затоа што се сложени методологииза пресемтка и сметам дека во државните инистуции нема доволно капацитет да се пресметуваат и проверуваат тие маржи. Но, на крај ставот на Владата е тој , со тоа што во периодот кој следи очекувам да има промени во тој дел да не продолжуваме на истиот овој начин затоа што сметам дека ефектите нема да бидат толку големи колку што се очекува, вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Кочоска е изненадена од тоа како пораснаа цените особено на овошјето и зеленчукот, а паралелно се дале толку пари за субвении. Смета дека е неопходна ревизија на парите кои се делеле за оваа намена.

Владата одлучи на едне месец да ја ограничи бруто профитната маржа до 10 отсто, но во кошницата се најдоа произоди кои имаат такви маржи па нивните цени воопшто не се намалија и на тој начин само го зголемија бројот на продукти во кошничката. Најголемо поскапување пак според статистика има токму кај зеленчукот.

Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Во администрација нема да има отпуштања – ќе има обуки за нестручните

Драма во Прилеп: Влезено со сила во угостителски објект и подметнат пожар