Утрински Весник
Македонија

Минчев се сретна со амбасадорот на Унгарија: Разговори за унапредување на соработката во јавната администрација

0 02 05 25f7e4b50b57e918da0ffa8c6eaef7aac743e2b5e0bcc227c2074baebc53dd84 7084fd982a7198cc.jpg

Текст:
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Андраш Клеин. На средбата, која се одржа во Скопје, беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка во областа на јавната администрација и професионализацијата на административните служби.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста на размената на добри практики и искуства, како и на зајакнувањето на институционалната соработка преку проекти поддржани од Европската унија и различни билатерални иницијативи.


Министерот Минчев ја изрази благодарноста на Република Македонија за досегашната поддршка од Унгарија, истакнувајќи ја подготвеноста на Министерството за понатамошна соработка во насока на модернизација на јавниот сектор и приближување кон европските стандарди.

Амбасадорот Клеин, од своја страна, ја потврди определбата на Унгарија за продолжување на партнерството со Македонија, особено во контекст на европските интеграции и реформите во јавната администрација.

Средбата беше одржана во пријателска и конструктивна атмосфера, со изразена подготвеност за интензивирање на комуникацијата и реализација на нови иницијативи од заеднички интерес.

Можете да прочитате

Филипче: Стојам на располагање да ги направиме уставните измени и да ги почнеме преговорите

Утре е голем празник: Една работа мора да ја направите

Судијата кој сам со пречкртување си ги поправал оцените, денеска пресуди само 2 години затвор за прегазената девојка во Тетово?!