Утрински Весник
Македонија

Минчев и КСС зацврстуваат соработката за реформи во јавната администрација

Img 9471.jpeg

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски.

На средбата се разговараше за клучни прашања поврзани со положбата на вработените во јавниот сектор, условите за работа, како и за унапредување на социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикалните организации. Двете страни ја потенцираа важноста на отворената комуникација и соработката за постигнување одржливи решенија кои ќе придонесат кон поквалитетна и поефикасна јавна администрација.


Министерот нагласи дека Министерството останува отворено за соработка со сите синдикати и дека транспарентниот и конструктивен дијалог е клучен во процесот на реформи и подобрување на јавниот сервис. Од страна на КСС беше изразена поддршка за инклузивен пристап во носењето на политики кои директно ги засегаат административните работници.

Средбата заврши со заедничка согласност за продолжување на дијалогот и редовни консултации по сите значајни прашања од интерес за вработените во јавниот сектор.

Можете да прочитате

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи

Ученичко насилство со нож ја потресе Македонија – обвинителството отвори постапка

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра