Утрински Весник
Скопје

Минатата недела во Центар санкционирани 123 непрописно паркирани возила

Image 2025 12 23 113118740.png

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 15.12. до 21.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.        

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

Одржана редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС: За посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните 

Програмата на фестивалот „Гола месечина“ од вечерва се префрла за понеделник