Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Во интерес на ДУИ е да има тензии за да ги покрие скандалите кои ги правеше додека беше на власт

Antoni O Miloshoski 16.10.2024.jpg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

На вечерашното гостување во вестите на телевизија Алсат, пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Албанската академија на науки побарана од страна на ВЛЕН не е соодветна и е неправилно да се трошат општински пари за други намени освен за намени од локален интерес.

„Ние сме против нивниот проект, самиот проект поларизира, нема научна димензија односно има етно политичка димензија. ВЛЕН доколку имаат стручни кадри можеле да ги насочат своите цели кон подобрување на функционирањето на институтот МАНУ”, рече Милошоски.

Исто така Милошоски нагласи дека ова прашање нема да има влијание врз стабилноста на коалицијата и дека сосема е природно да се има разлики, исто така посочи дека во јавноста има субјекти кои имаат интереси од вакви тензии, а тоа е политичката партија на ДУИ.

„Јас гледам дека во јавноста има субјекти кои имаат интереси од овие политички тензии, а тоа е политичката партија ДУИ. Тие имаат проблем да се навикнат дека тие се во опозиција и после 20 години власт се обидуваат своите пропусти да ги покријат со вакви меѓуетнички теми”, истакна Милошоски.

Можете да прочитате

 Сиљановска-Давкова денеска ја прими директорката на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот 

Полицијата приведе девет возачи за безобѕирно возење