Утрински Весник
Спорт

Милевски: Ја добивме најтешката група, но веруваме во себе

Милевски: Ја добивме најтешката група, но веруваме во себе

Фудбалската репрезентација на Македонија доби пеколно тешка група во квалификациите за ЕВРО 2024. Селекторот Благоја Милевски вели дека тоа ќе биде огромен предизвик за нашиот националн тим.
Македонија ќе игра против Италија, Англија, Украина и Малта во групата Ц од квалификациите за Европското првенство во Германија.

dobivaj vesti na viber

“Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави Милевски.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет