Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Задоволен сум од сработеното на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до Ковачевски: Лидерска за решавање на проблемите на граѓаните, а не за уставни измени

Па еве се гледа, појдете на секаде каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, јас самиот ќе се пријавам да бидам човекот кој што ќе оди од општина до општина и ќе ги сликаме проектите и ќе снимиме што ги работат градоначалниците, и потоа ќе ги бараме проектите на владата кој што ги нема. И да видиме да направиме разлика тоа се барем факти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од реализација на програмите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски потенцираше дека е презадоволен од сработеното и рече дека градоначалниците така ќе продолжат да работат и во иднина се со цел да ги исполнат ветувањата дадени пред граѓаните, а со тоа и да ја вратат надежта и ќе покажат дека не се сите исти.

„ Ќе видите и овде во Кавадарци, ќе видите во другите општини каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги споредуваме фактите, колку проекти се реализирани на дело бидејќи тоа се гледа, тука нема веќе Христијан зборел едно, Ковачевски и Заев друго. Еве проектите се тие, се гледаат. Јас сум презадоволен имајќи во предвид од условите во кои што работата луѓето, многу чесно, многу посветено, и сум убеден дека така ќе продолжат и ќе покажат една разлика дека не се сите исти и ќе ја вратиме надежта кај македонските граѓани, бидејќи народот е во апатија, народот е разочаран, народот е ограбен и понижен. И тие се буквално разочарани од сите политичари, но ние се трудиме да покажеме дека можело поинаку и дека има надеж и дека Македонија може да оди напред. Тоа е суштината на оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. И јас сум убеден да покажеме дека навистина Македонија има можност, луѓе и капацитет да оди напред наместо да назадува, порача претседателот Мицкоски од Кавадарци.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“